Авантуристката Амелија Ерхарт, позната како првата жена кoja се обиде сама да го прелета светот со својот авион, починала на пуст остров, откриваат истражувачите од Интернационалната група за разјаснување на авионски несреќи (ТИГХАР).
Амелија Ерхарт во 1937 успешно го прелета Атлантикот, но при обидот да го продолжи својот лет преку Тихиот Океан, исчезна. Оттогаш и се губи речиси секаква трага, се досега.
Истражувачот од ТИГХАР, Рик Гилеспи, повикувајќи се на бројни документи и сведоштва, тврди дека таа почива на пацифичкиот остров Никумароро, каде што пред неколку години беа пронајдени и остатоци од авионот на Ерарт.
За наредната 2017 година, е планирана научно-истражувачка експедиција, за потрагата по вечното почивалиште на храбрата авантуристка, да биде приведена до својот крај.