Маж кој живее во Ирак, добил 6,4 милиони долари на лотарија во САД, јавија американските медиуми.
Среќникот ја побарал својата добивка со цели три месеци задоцнување.
Тој го купил добитното ливче на 24 август, а ја побарал својата добивка дури на 1 декември.
Во принцип имињата на добитниците на лотаријата во Орегон се објавуваат јавно, но организаторите сепак одлучиле да ја почитуваат желбата на Ирачанецот да се зачува такноста на неговиот идентитет, бидејќи во спротивно тој и неговото семејство ќе бидат изложени на опасност.
Се смета дека ова е првиот човек надвор од САД, кој освоил џекпот од лотарија во Орегон.