iPhone 8 ќе добие заоблен OLED екран

Од:

Паметните телефони iPhone 8 ќе биде опремен со флексибилен OLED дисплеј, од органски диоди кои емитуваат светлина, пишува магазинот Nikkei повикувајќи се на јапонската компанија „Sharp“ кој е еден од снабдувачите на американскиот технолошки гигант Apple.

 

Како што изјавил челникот на компанијата „Sharp“, Тај Џен-ву, новиот дисплеј ќе биде инсталиран на моделот iPhone 8 Plus, но не е исклучено дека и основната верзија на паметниот телефон ќе биде опремена со OLED екран.

Во овој момент телефоните на американскиот производител Apple имаат LTPS панели.

Досега се сметаше дека ексклузивен снабдувач со OLED екрани за Apple во 2017 година може да биде јужнокорејската компанија „Samsung Display“. Оваа компанија претходно го патентираше во САД технологијата за правење екрани кои може да се виткаат, којашто овозможува револуција во област на производството на паметни телефони и други компактни уреди.

Во септември 2016 година, Apple го претстави новиот модел на својот водечки производ паметниот телефон iPhone. Главната разлика меѓу уредот од неговата претходна верзија беше отсуството на вообичаениот 3,5-милметарски мини приклучок за слушалки. Моделот е достапен во две варијанти: iPhone 7 со дијагонала на екранот од 12 сантиметри и моделот iPhone 7 Plus со 14 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ