Новиот iPhone на Apple се очекува официјално да биде претставен на 10-ти септември, кога ќе се презентира и оперативниот систем iOs 7.
iPhone 5S е наследник на iPhone 5 со многу подобрувања во хардверот – има побрз процесор, 13 мегапикселна камера со двоен LED блиц и сензор за читање отпечатоци од прсти за отклучување на екранот.