Гувернерот на Бали, Мангу Пастика, денеска објави дека се испланирани и договорени за градба нови сместувачки капацитети во кои ќе престојуваат над 30 милиони туристи годишно.
Амбициозните планови на Бали треба да почнат да се остваруваат во 2.029 година.
Во светот познат и како рајски острови на источниот дел на Индонезија, Бали и соседните острови лани имаа промет на нешто над милион туристи.
Тоа е десет пати помалку од прометот што се остварува во соседен Сингапур, но амбициозниот гувернер објасни дека територијата на Бали е поголема од онаа што ја зафаќа Сингапур.
Според гувернерот Пастика, направени се планови и обезбедени средства за комплетна модернизација на патната, поморската и воздушната инфраструктура.
Во туристичкиот бизнис е најавен бран на инвестиции од странски компании, но гувернерот на Бали, под исти услови, ќе им давал предност на домашните инвеститори.