И ВатсАп ќе има „стикери“

Од:

„Стикерите“ (налепници) се популарно средство за комуникација меѓу корисниците и се незаменлив дел од водечките мобилни апликации. ВатсАп е една од ретките платформи кои се уште не нуди „стикери“ на сопствениците на паметни телефони. Многу наскоро ситуацијата ќе се промени, бидејќи програмерите ќе го извршат финалното тестирање со вградување на секција за налепници во мобилната апликација.
Предвидена е опција не само да се избере од колекција, туку и да се креираат налепници.

Програмерите на ВатсАп се здружиле со многу уметници од целиот свет за да ја креираат првата група атрактивни налепници. Така, секој од нас ќе има уште еден начин да се изрази себе си додека комуницира со своите омилени луѓе и пријатели во апликацијата. Некои корисници сега можат да ја користат оваа функција и се очекува да бидат достапни за секого во наредните недели. Се што треба да направите е да ја ажурирате најновата верзија на ВатсАп, објави „Андроид Комјунити“.

Можете да ги видите налепниците достапни од менито со „емоџи“ и откако ќе лизнете во десната страна. Во овој дел ќе најдете разни тематски пакети од стикери, кои ќе бидат подготвени за преземање и користење во вашите пораки.

Новата функција ќе им се допадне на многу луѓе и ќе нѐ натера да потрошиме уште повеќе време во ВатсАп. Останува да бидеме трпеливи пред „стикерите“ да бидат достапни за сите луѓе кои ја користат мобилната апликација, а тоа ќе се случи многу брзо.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Услугите на ВатсАп во прекин

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска