Под мотото „Разбери, прифати, помогни“ Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението „Во мојот свет“ денеска организираат хуманитарна акција за собирање средства за децата со аутизам.
За време на акцијата децата со аутизам од здружението „Во мојот свет“ ќе цртаат цртежи, кои ќе бидат продавани на пунктови во трговскиот центар. Покрај креативната работилница, децата ќе настапат и со свои музички точки и рецитали.
Посетителите ќе имаат можност да се вклучат во процесот на креирање и создавање на цртежите, да си купат цртеж и со тоа да донираат во специјалните кутии кои ќе бидат поставени.
Собраните средства од акцијата која ќе се одржи и е поддржана од Рамстол Мол, ќе бидат наменети за подобрување на општата состојба на децата со аутизам.