Huawei Ascend P6 е најтенкиот мобилен телефон на светот со само 6,18 милиметри.
Ќе поседува процесор со четири јадра и работен такт од 1,5 GHz, кој ќе биде задолжен за подигнување на Andoid платформата и посебниот оперативен систем Emotion UI.
Самиот уред би требало да има дијагонала од 4,7 инчи и екран со 720р, како и 8 и 5 мегапиксели за задната и предната камера.
Најавите велат дека камерата ќе има можност за макро снимање од 4 сантиметри оддалеченост.