„Хуавеи“ со нови модели на мобилни телефони П20 и П20 Про

Од:

Новиот мобилен телефон на „Хуавеи“ – П20 Про, ќе има три камери, додека стандардниот модел П20 ќе има две камери на задната страна.

Останува нејасно, која од трите камери од П20 Про моделот нема да се најде на П20: сензорот од 40 мегапиксели, телефотото или монохроматската.

„Хуавеи“ одлучи во моделот П20 да го имплементираат веќе тестираниот систем од Мејт 10 моделот, а тоа е камера со сензор од 12 мегапиксели во боја и 20 мегапискели црно-бел сензор. Камерата ќе има опција за зумирање, а ќе може да снима со резолуција од 720 пиксели.

„Селфи“ камерата ќе биде иста како и на П20 Про телефонот и ќе имаа сензор од 24 мегапиксели, откако ќе користи Кирин 970 НПУ за „лајт фјужн“, што е систем со вештачки интелект за осветлување на сликите.

„Хуавеи П20“ ќе има 5.8-инчен ЛЦД екран, 18,7:9 сооднос и пресек на врвот. Споменатиот чип Кирин 970 е поврзан со 4 гигабајти РАМ и 128 гигабајти простор за складирање датотеки. Има 3.400 милиампер часови батерија со СуперЧарџ (22.5В) преку УСБ-ц порта.

Телефонот ќе чини 680 евра, наспроти 900 евра, колку ќе чини моделот П20 Про.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Пет кинески компании претставуваат закана за САД