Приходите на тајванската компанија HTC во февруари оваа година паднаа за дури 44 отсто во однос на истиот период лани, објави компанијата.
Во минатиот месец HTC оствари приходи во висина од само 384 милиони долари, додека ланскиот период приходот изнесувал 685 милиони долари, а исто така резултатот е за 27 отсто полош во споредба со резултатот од јануари оваа година.
Соопштените резултати за работењето за февруари покажуваат дека компанијата е во сериозни проблеми, или дека наскоро ќе ги има, ако продолжи ова темпо на пад на приходите.