По објавувањето на Самсунг дека продале 10 милиони Galaxy S4 телефони, веднаш се огласија и од HTC дека и нивната продажба оди добро, односно дека продале над 5 милиони One телефони, објави Wall Street Journal.
За само околу еден месец на целосна достапност, HTC има продадено 5 милиони One уреди и покрај тоа што продажбата претставува половина од бројот на Samsung, сепак е доказ дека тајванската компанија направи одличен телефон иако минува низ тешки времиња.
Продажбата на HTC One наводно можеше да биде уште повисока, но поради постојаните проблеми со снабдувањето, не ни можеше да биде поинаку.
Продажбата од 5 милиони уреди е охрабрувачки знак за HTC, особено ако компанијата може да го задржи ова темпо во наредните месеци.