По се изгледа дека борбата за најдобар телефон ќе се води помеѓу Samsung Galaxy S4 и HTC One.
HTC информира дека неколку стотици илјади луѓе се имаат регистрирано за испорака веднаш штом HTC One ќе биде пуштен во продажба смартфонот. Вкупната бројка од овие резервации е најголема од било кој HTC уред до сега, што значи дека телефонот ќе биде одлично примен со неговото лансирање.
Нестандардната „ultrapixel” камера на One се произведува само за потребите на HTC, па така го успори неговото лансирање.
Сепак, доцнењето нема да е многу сериозно – наредната недела One ќе дебитира на водечките европски пазари како што се Велика Британија и Германија. До крајот на април се очекува телефонот да се појави и во САД.
Ultrapixel камерата беше еден од ударните акценти во претставувањето на One. За разлика од другите компании, HTC нема да зависи од огромен број мегапиксели. Всушност, камерата на One ќе има скромни 4MP.