Бен Хо, Директор на на тајванската компанија HTC, воопшто не е импресиониран со перформансите на новиот Galaxy S4, што и не се за изненадување ваквите реакции кога се работи за својот силен конкурент.
Toj упати остри критики за новиот предводник на Samsung, и како што можеше да се очекува тој го истакна HTC One, неговото премиум чувство и прекрасен дизајн.
„Со продолжување на пластичниот изглед на Samsung Galaxy S4, и поголемиот екран што e најочигледена физичка промена е ништо во споредба со алиминиумската покривка на HTC One.
HTC One останува најдобра опција за оние луѓе кои сакаат најдобра технологија со модерен дизајн. Нашите клиенти сакаат нешто поинакво од вообичаеното кој се чини е цел за Galaxy.
Нашите клиенти преферираат оригинална најсовремена технологија, врвен дизајн и премиум чувство од нивните мобилни телефони, поради што и го направивме HTC One”, рекол Хо.