HoloFlex е прв свитлив холографски смартфон на светот

Од:

Иднината на мобилните телефони се поврзува со флексибилност и холографска технологија, а научниците од Кралскиот универзитет во Велика Британија направиле прв флексибилен холографски смартфон.

Смартфонот HoloFlex е прототип со full HD екран со резолуција 1920х1080 пиксели, кој е чувствителен на допир. Кога е свиткан, тој проектира 3D слика. Сензорот во екранот овозможува на корисниците да манипулираат со објектите и така создава тродимензионален ефект.

„HoloFlex е целосно нов начин на интеракција на корисниците и смартфоните и овозможува интеракција со 3D видео и слики. Кога ќе се свитка, екранот излегува и еднакво добро се гледа од секој агол‟ – изјави др. Вертегал, еден од водечките научници во овој проект.

Смартфонот користи оперативен систем Андроид, а поседува Qualcomm 1,5 GHz Snapdragon 810 процесор како и 2 GB RAM. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ