Холивуд против Сулејман Величенствениот

Од:

Уште во ноември минатата година се прошири веста дека познатиот холивудски актер, Бред Пит ќе глуми во турската серија „Веченствениот“. Можеби ова беше само некоја идеја или желба, но деновиве турските медиуми пишуваат дека преговори со Бред Пит за настап во серијата има, а дошле и до сумата што треба да му биде платена.

Седум епизоди, во улога на заповедник кој ќе биде во војската наспроти Сулејман, за само 2 милиони долари, велат продуцентите на серијата, и тоа било само симболична сума што тој ја побарал.

Сепак конечната одлука не е донесена се уште, а доколку пропадне можноста да настапи Бред Пит, тогаш на негово место би можело да се појави повторно холивудско име – Мел Гибсон.

Па со ваква постава, Холивуд наспроти Сулејман, знаејќи дека холивудските актери во нивните филмови секогаш победуваат, можеби и историјата ќе добие поинква завршница.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето