„Гугл“ предупредува – Ова се најлошите лозинки на Интернет

Од:

Интернет гигантот „Гугл“ неодамна спроведе анкета на 2.000 корисници со цел да открие кои се најчесто користените лозинки.

Резултатите се загрижувачки, бидејќи покажуваат дека голем број кориснички лозники може да бидат многу лесно откриени поради начинот на кој се бираат истите.

Ова е целата листа на најчесто користени лозники на Интернет:

1. Име на домашен миленик

2. Поважни датуми, како роденден или годишнина од брак

3. Роденден на некој член од семејството

4. Името на некое од своите деца

5. Има на некој друг член од семејството

6. Местото на раѓање

7. Омилениот празник

8. Нешто во врска со омилениот спортски клуб

9. Името на актуелниот партнер

10. Зборот „лозинка“

Доколку и вашата лозинка спаѓа во некоја од овие категории, можеби е време за промена, бидејќи сите овие информации може многу лесно да се дознаат со само еден „клик“ на вашиот „Фејсбук“ профил.

Истражувањето покажува уште неколку лоши навики на Интернет корисниците. Околу 48 проценти од испитаниците своите лозники ги споделуваат со други луѓе, а дури 3 проценти од нив лозинките ги запишуваат на лист хартија, што потоа го ставаат во близина на компјутерот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска