„Гугл“ постигна договор со француските Интернет страници

Од:

Најкористениот Интернет пребарувач „Гугл“ постигна договор со кој го реши спорот со француските новински Интернет страници. Согласно договорот, „Гугл“ ќе основа фонд од 60 милиони евра со кои на „старите медиуми“ ќе им помогне да се прилагодат на дигиталното време развивајќи он-лајн проекти.

– Франција е горда што го постигна овој договор со „Гугл“, прв од ваков вид во светот, соопшти на Твитер канцеларијата на францускиот претседател, откако Франсоа Оланд и шефот на „Гугл“ Ерик Шмит склучија договор.

Од Кабинетот на Оланд е соопштено дека „Гугл“ ќе основа фонд од 60 милиони евра на име помош на француските медиуми да развиваат свои он-лајн проекти. Фондот, се додава во соопштението, „ќе помогне за транзиција на печатот во дигитална форма“.

Шмит на својот гугл блог напиша: „Силната новинска индустрија е значајна за „Гугл“ и за нашите партнери, како и за слободното општество“.

Спорот со „Гугл“ настана бидејќи франуските новински Интернет страници беа незадоволни поради тоа што „Гугл“ остварува големи приходи од реклами на страниците пркеу кои корисниците трагаат за одредени медиумски содржини. Во исто време, печатените изданија бележат се помали приходи од реклами.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска