Компанијата „Гугл“ е толку сигурна во безбедноста на својот оперативен систем „Хром“ што понуди награда од над три милиони долари за оној кој ќе успее да го „пробие“.
Најдобрите хакери во светот ќе се соберат на годинешното натпреварување Пониум и ќе се обидат да освојат 3,14159 милиони долари, бројка која алудира на ирационалниот број Пи.
Самодовербата на технолошкиот гигант очевидно е зголемена. Претходно за истото достигнување на својот „Хром“ пребарувач нудел награда од еден, а подоцна и од два милиона долари.
За хакерскиот потфат да се смета за успешен, мора да биде остварен преку веб страници на основниот модел на компјутери Самсунг 550 хромбук, преку безжичен интернет. Успешниот исход најверојатно би изгледал така што неколку хакери истовремено ќе го загрозат системот, при што секој би заработил околу 100.000 долари.
– Според наше мислење, поголемата награда е сразмерна на дополнителниот предизвик кој поставува безбедносна заштита на оперативниот систем Хром О-Eс, тврди Крис Еван, кој за оваа компанија го развил „Гугл Хром“.
Претходните натпреварувања на „Гугл“ – ScanSecWest 2012 и Hachk in the Box, се однесувале на хакирање на „Хром“ пребарувачот, но не и на оперативниот систем Хром О-Ес.
„Гугл“ тврди дека Хром О-Ес е најбезбеден постоечки оперативен систем, но неговиот удел на пазарот засега е толку мал што се уште не се соочил со првиот тест во реалниот свет.