Компанијата Гугл има намера да ги укине традиционалните лозинки за логирање на паметните телефони и да развие технологија која ќе може да го препознае вистинскиот сопственик на смартфонот.
Директорот на тимот за напредна технологија и проекти на „Гугл“, Ден Кауфман најави дека компанијата работи „со неколку многу големи финансиски институции‟ на тестирање на нови технологии за замена на лозинките.
– Технологијата наречена „Траст АПИ“ користи повеќекратни сензори во вашиот паметен телефон кои треба да ве препознаат како вистински сопственик, а не некој друг кој се обидува да се логира, рече тој.
Оперативниот систем „Гугл Андроид“ веќе користи сензори кои можат да скенираат лице, глас, движења или локација на корисникот, за да утврди дали треба да ја отклучи лозинката.
Како што јави Си-Ен-Ен, фазата на тестирањето треба да почне наскоро, а новата технологија ќе биде испробана во банките.