„Гугл“ дели 15 милиони долари бонус

Од:

Американската фирма Гугл плаќа околу 15 милиони долари бонус на четворица свои директори за успешната работа која ја завршиле минатата година.

Компанија која има најголем пребарувач на светот,објави дека нејзиниот извршен директор Ерик Шмит ќе добие најголема награда од 6 милиони долари.

Неговото богатство е проценето на осум милијарди долари.

Шмит десет години бил извршен директор на корпорацијата Гугл, а пред две години својата должност ја предал на Лари Пејџ. Поголемиот дел од богатството на Шмит се акции во Гугл. Сепак тој планира да продаде до 3,2 милиони акции чија вредност сега е 2,6 милијарди долари.

Гугл плаќа и 3,3 милиони долари бонус на својот водечки правник Дејвид Драмонд. На финансискиот главен службеник и шефот во оделот за соработка пак им дава бонус од 2,8 милиони долари.

Оваа компанијата минатата година имаше солиден раст на профитот од 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски