Престиџио го претстави новиот Грејс смартфон со Андроид опреативен систем, пет инчен екран и ултра тенок дизајн.
Компанијата неодамна го претстави првиот Виндоус фоун,
Новиот Грејс смартфон има димензии од 14,5 х 7 х 5,55 сантиметри и тежина од 130 грама.
Смартфонот доаѓа со Фул ХД Супер Амолед екран со дијагонала од пет инчи и заштита од трета генерација Горила Глас.
Грејс работи на осумјадрен процесор Кортекс А7 со брзина од 1,7 гигахерци, работна меморија од 2 ГБ и графички чип Мали-450МП4. Вградената меморија изнесува 16 гигабајти.
Смартфонот работи на Андроид 4.4. КитКат оперативен систем. Опремен е со две камери од 5 и 13 мегапиксели, што овозможуваат снимање фотографии во Фул ХД резолуција. Капацитетот на батеријата изнесува 2.300 мили Ампер часа.