Фотографијата што го шокираше и Фејсбук

Од:

Дана Бакдоунис е родена и израсната во Саудиска Арабија. Иако од сите жени во таа земја се бара да носат марама на главата, таа престанала во 2011-та година.

Марамата едноставно не ми одговараше, но морав да ја носам поради семејството и околината. Не развирав зошто мојата коса е покриена, вели Дана,

Таа се зачленила во група на Фејсбук која ги поддржува женските права во Саудиска Арабија. Групата која има повеќе од 70 илјади членови, прераснала во место за полемика меѓу жените и мажите од сите делови на светот.

Дана на ѕидот на групата објавила фотографија на која таа не носи марама, а во рацете ги држи своите лични документи каде што е сликана со марама.

„Во групава сум затоа што 20 години не ми е дозволено да почувствувам ветар во косата или на кожата“, напишала под фотографијата.

Фотографијата за кратко време собрала повеќе од 1.600 „лајкови“. Иако добила поддршка од многу непознати луѓе, Дана од Фејсбук ја избришале многу пријатели.

Фотографијата на Фејсбук и била избришана, а Дана била блокирана како администратор на групата. Подоцна оваа постапка била оправдана како грешка во системот, пишува BBC.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он