Фотографии од свадбата на Кенеди продадени за 34.000 долари

Од:

Црно-белите фотографии од свадбата на поранешниот американски претседател, Џон Кенеди и Жаклин Бувије, се продадени за 34.000 долари на аукција во Бостон, соопшти куќата „RR Auction“.

Фотографиите кои се направени врз основа на 13 оригинални негативи од фотографии од свадбата, продадени се на еден лекар од Лас Вегас, кој сакаше да остане анонимен.

Кенедиеви се венчаа на 12 септември 1953 година во црквата Света Богородица во Њујорк, јужно од Бостон. На фотографиите се невестата и младоженецот како ја напуштаат црквата и подоцна ја сечат свадбената торта.

Бостонската аукциска куќа изјави дека фотографиите се направени од независниот фотограф, Френк Атаман и пронајдени во темна комора на друг фотограф. Се претпоставува дека тие фотографии никогаш не биле објавени.

Свадбата на Кенеди беше големо медиумско случување во тоа време во САД. Настанот во целост тогаш го покри списанието „Лајф“ со објавување на фотографии на над илјада гости. Кенеди во тоа време беше сенатор на Масачусетс, а после седум години стана претседател на САД.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он