Веста за смртта на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон во јуни 2009 година, го потресе целиот свет. Четири години по трагедијата објавени се шокантни фотографии од неговата соба, во моментот на смртта.
Малкумина беа запознаени дека Џексон е зависник од лекови, но тоа сега ќе го дознае светот.
Имено полицијата од Лос Анџелес објави фотографии од местото на настанот, кои ги направи нивниот фотограф и кои се користат како доказ.
На фотографиите може да се забележат многу детали, но најголемо внимание предизвикуваат расфрланите лекови, како и кобниот Пропофол поради кој на крај Џексон и почина.
Лекарот кој што се грижеше за него Конрад Мареј и кој му дозволи да ја зголеми дозата на Пропофол е прогласен за виновен за убиство и во моментов ја служи четиригодишната казна затвор во Лос Анџелес.