Нишалка на крајот на светот“ – обична дрвена нишалка закачена над амбис на 2.266 метри надморска височина, претставува глетка од која на многумина ќе им се заврти во главата, а нишањето на неа секако е само за храбрите.
Оваа необична играчка за возрасни е дел од „Каза де Албол“ во местото Бањос во Еквадор и стана многу популарна меѓу оние кои патуваат во потрага по возбуди, иако секој погрешно движење на неа може да заврши кобно. Или можеби токму заради тоа?
Направена е сосема едноставно: дрвено седиште и две јажиња врзани за шипка, која не делува многу цврста, а прицврстена на стара куќичка на дрво.
Човек за да седне на такво нешто треба да храброст, но оние кои биле доволно храби да се нишаат со широко отворени очи велат дека се исплати: ќе бидете наградени со преубави еквадорски пејсажи, вклучувајќи и поглед на активниот вулкан Тунгурахуа.
Меѓу оние кои пробале се наоѓа и Силвија Пуховска од Словенија (30) која веќе седум години патува по светот, поминува низ интересни места и пишува патописи на блогот unboxingtravel.com.
Вели дека налетот на адреналин просто е неверојатен, дека глетките се преубви, дека нишањето со главата надолу премногу е застрашувачки, но дека нема причина за страв.
Нишалката имено, е направена едноставно, но се додека цврсто се држите и не правите никакви ризични движења, целосно е безбедна.