Руската државна телевизија за говорот на Џеј-Ди Венс: „Тоа беше јавно камшикување“

Од:

Руската државна телевизија Русија 1 со ентузијазам го следеше говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, јавува Би-Би-Си.

„Беше многу убаво да се слушне моќниот говор на Венс“, рече дописничката Асја Јемељанова. “Тоа беше јавно камшикување, не можам да го наречам поинаку. Исто така беше интересно да се гледаат изразите на лицата на оние кои го слушаа”, додаде низ смеа.

Таа особено ги пофали коментарите на Венс за неговата загриженост за „заканата одвнатре“ повеќе отколку руското или кинеското мешање во Европа.

Јемељанова ги поддржа и тврдењата на Венс за падот на демократијата и слободата на говор во Европа.

Ваквите изјави совршено се вклопуваат во наративот што руските државни медиуми го промовираат со години, посочува Би-Би-Си и наидоа на одобрување од коментаторите на каналите кои се пријателски настроени кон Кремљ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците првпат спасија војник од „зона на смртта“ со дрон

Катерина Ѓуровски

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците му нанесоа огромна штета на „рускиот Гугл“

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина