ФОТО: Кои се биткоин милијардерите?

Од:

Од создавањето на биткоинот во 2009 година, светот на криптовалутите го привлече вниманието на јавноста. Со енормните скокови до големите падови на вредноста.

Без разлика каков е вашиот став за криптовалутите, факт е дека многу луѓе се збогатија инвестирајќи во нив, а некои станаа милијардери толку млади што го прекинаа своето образование.

A post shared by Daniel Colosi (@daniel_colosi) on

Даниел Колоси минатата година вложиш 5.000 долари во криптовалути со негов пријател. За само неколку месеци заработил 200.000 долари, а се очекува дека доколку продолжи паметно да инвестира да стане милијардер до 2019 година.

A post shared by Daniel Colosi (@daniel_colosi) on

Тој е поранешен градежен работник. Дел од парите заработени со криптовалутите ги потроши на патување низ светот, а планира да се пресели на Тајланд.

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

Ерик Финман инвестирал во криптовалути во 2011 година околу 1.000 долари кои го добил од неговата баба за 12. роденден. Според сегашните вредности, тој поседува околу четири милиони долари.

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

Тој направил договор со родителите според кој ако биде милионер до 18 години, нема да мори да оди на факултет. Се збогати толку брзо, што родителите му дозволиле да ја напушти школата многу порано, на 15 години.

A post shared by Eddy Zillan (@eddy_zillan) on

Еди Зилан во криптовалутите ја вложил целата своја заштеда од околу 12 илјади долари. Тие пари ги заработил држејќи часови по тенис. На негови 18 години инвестирал во криптовалути, а три години подоцна на сметката имал милион долари.

A post shared by Eddy Zillan (@eddy_zillan) on

Потоа ја отвори компанијата „Cryptocurrency Financial“, специјализирана за советувања за вложување во криптовалути.

Тајлер и Камерон Винклвос, кои го тужеа Марк Цукенберг за крадење на идејата за Фејсбук, се помеѓу првите инвеститори во криптовалутите. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците најверојатно се првите биткоин милијардери на светот.

Двајцата имаат студирано на Харвард, заедно со Цукенберг. Тужбата против него ја добија во 2008 година, за што добија отштета од 65 милиони американски долари, а во март 2013 година вложија околу 11 милиони долари во купување на околу 1 отсто од светските резерви на биткоини, кога тие вредеа по 120 американски долари.

Не е познат точниот износ, но се верува дека станува збор за околу 100 илјади биткоини, со вредност од преку милијарда американски долари.

Би можело да ве интересира

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

А1он