„Етиопска гасеница“, накит направен во Кина на почетокот на 19-от век, направена од злато и рубини е изложена на аукција и се очекува да биде продадена за најмалку 200.000 фунти.
Творец на овој накит е швајцарскиот часовничар Хенри Мејлдердет. Тој во „Етиопската гасеница“ вградил механизам сличен како оној на часовникот со таа да може да се движи.
Накитот е долг 7 центиметри и е направен од злато со мали бисери, дијаманти и рубини. Постојат само пет примероци од кои два се во музеј, а останатите се дел од приватна колекција.