Американецот Хенри Либмен на Аљаска уловил риба стара 200 години, а со тоа предизвика гнев кај многу активисти за заштита на животните.
Либмен рибата со необичен изглед, ја фатил на отворено море во заливот Ситка.
– Веднаш видов дека е многу голема, но сфатив дека тоа е нов рекорд, дури кога го разгледав прирачникот што го имаме на бродот-изјави тој.
Рибата која што е тешка околу 20 килограми, а долга еден метар, е испратена на анализа во Министерството за лов и риболов на Аљаска.
По првите анализи експертите утврдиле дека истата е стара најмалку два века, што е нов рекорд.
Според пишувањата на медиумите илјадници активисти за заштита на животните протестирале поради убивање на ваков примерок.
Eлена Георгиевска