Повеќето луѓе за Бил Гејтс знаат само неколку детали, дека е најбогат човек во Америка и втор во светот, дека е основач на „Мајкрософт”, една од најуспешните технолошки фирми во светот и дека е еден од најголемите светски филантропи.
Сепак постојат бројни детали од неговиот живот кои не и се познати на јавноста. Ова се дел од нив:
Уште како дете го напишал својот прв компјутерски програм, верзија на играта „икс –окс“.
Кога лидерите во неговото училиште виделе дека е надарен за пишување компјутерски кодови, му рекле да направи програм за распоред на учениците во одделенијата, на ниво на целото училиште. Гејтс тоа го направил без проблем, а себе си се сместил во одделние со голем број девојчиња.
Тој ги напуштил студиите на Харвард во 1975 година, за да се посвети на работата во својата новооснована компанија.
Набргу по напуштање на факултетот тој е уапсен во Ново Мексико поради управување на автомобил без возачка дозвола и непочитување на сообраќајната сигнализација.
Се до 1997 година пилотирал со изнајмен авион. Денес има сопствен авион.
Освен што поседува авион тој го поседува и познатиот „Кодекс“ , колекција на списи на Леонардо да Винчи за која на аукцијата во 1994 година вложил 30.8 милиони долари.
Наспроти енормното богатство од дури 81 милијарда долари, тој планира на своите деца да им остави само по 10 милиони.
Гејтс не зборува ниту еден странски јазик. Во една пригода изјави дека е единствено нешто за кое жали.
На едно тестирање во средното училиште од можните 1600 тој освоил 1590 поени.
Иако поголем дел од времето го поминува во хуманитарна работа во својата фондација, тој вели дека се уште вредно работи на креирање на „личен агент на Мајкрософт“, програм кој ќе памети се и ќе им помага на луѓето.
Изјавил дека најверојатно ќе се посветел на истражување на вештачката интелигенција доколку проектот со „ Мајкрософт” не успеал.
Иако е заинтерсиран за вештачката интелигенција, тој смета дека таа е најголемата закана за човештвото во иднина.
Омилени бендови му се „Vizer” и „U2″.
Е. Г.