Роџер Федерер и Бил Гејтс непобедлив тандем

Од:

Најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер, во двојка со еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, учествуваше на хуманитарниот турнир во Сан Хозе во американската сојузна држава Калифорнија.

Тие на теренот се соочија со двојката составена од најдобриот американски тенисер во моментов Џек Сок и новинарката од телевизијата Ен-Би-Си, Савана Гутри.

На хуманитарниот турнир беа собрани 2,5 милиони долари, а средствата се наменети за образование на децата во Африка.

За Федерер и Гејтс ова е вторпат да играат во двојка, а претходно настапија на хуманитарен турнир со иста намена што се одржа во април минатата година во Сиетл.

Веројатно благодарение на ова искуство тандемот Федерер-Гејтс победи на натпреварот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

А1он

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски