Филипс го претстави новиот смартфон модел Аурора и966, разработен во соработка со кинеската компанија Алибаба.
Аурора доаѓа со КуХД екран со големина од 5,5 инчи, резолуција од 2560х1440 пиксели. Работи на добро познатиот Куалком четиријадрен СоЦ Снапдрагон 801 процесор со брзина од 2,5 гигахерци. Филипс Аурора располага со 3 ГБ РАМ меморија и 32 ГБ интерна меморија.
Аурора е опремен со задна камера од 20,7 мегапиксели и предна со 8 мегапиксели и двоен ЛЕД флеш. Батеријата е со капацитет од 3.000 милиАмпер часа.
Филипс смартфонот е опремен и со читач на отисок од прсти, ЛТЕ, Ви-Фи, Блутут и ГПС поддршка. Цената на моделот се очекува да биде околу 600 американски долари.