Фатва за брзиот интернет

Од:

Четворица големи ирански ајатолахи го проколнаа операторот за мобилна телефонија „Рајтел“ поради поткопување на религиозните основи во земјата и охрабрување на неморалот со објаснување  дека пристапот до брз интернет, но и 3Г интернетот, е против шеријатот и против моралните начела.

Имено „Рајтел“ е трет мобилен оператор во земјата кој има ексклузивни права на 3Г мрежата во Иран, беше предмет на фатва на големите ајатолахи: Насер Макарем-Ширазиј, Хусеин Хуриј Хамеданиј, Џафар Собаниј и Зајед Сајад Алави Горганиј, затоа што ќе им овозможат на Иранците користење на видео-повици и мултимедијално испраќање на пораки.

Тоа ќе биде прва средба на луѓето во оваа земја со таквите сервиси и прва драстична технолошка експанзија. Меѓутоа, конзервативниот Парламент и верските поглавари бараат „Рајтел“ да ги укине услгите.

Жителите на големиот религиозен град Кума потпишаа петиција против „Рајтел“. Тие го обвинуваат мобилниот оператор за „пристап до грев и декаденција“.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски