„Епл“ претстави сопствен стриминг сервис

Од:

Компанијата „Епл“ во аудиториумот „Стив Џобс“ во Купертино во американската сојузна држава Калифорнија, го претстави сопствениот стриминг сервис „ЕплТВ+“.

Претплатата за „ЕплТВ+“ изнесува 10 долари и преку таа платформа може да се гледаат содржини од популарните кабелски телевизии, како и видео од самата компанија. Претходно „Епл“ веќе склучи договори со ТВ каналите Ејч-Би-Оу и Си-Би-Ес. Сервисот ќе биде достапен за корисниците во повеќе од 100 земји.

За време не презентацијата беше соопштено дека компанијата ја обновила информативна платформа „Епл Њуз“, преку која претплатниците ќе имаат можност да читаат разни изданија. Месечната претплата за „Епл Њуз“ е 9,99 долари.

„Епл“ исто така откри дека пушта во употреба и нов сервис за игри „Аркејд“. Оваа платформа дава можност за пристап до „Ап Стор“ каде може да се симнуваат стотици компјутерски мобилни игри. Претплатата за овој сервис, достапен во 150 земји, се уште не е одредена.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он