Компанијата Епл претстави алатка со која на корисниците ќе им се дозволи да го дерегистрираат нивниот телефонски број од иМесиџ и на тој начин да го решат проблемот со исчезнатите текстуални пораки.
Причина за овој проблем е фактот што Епл ги пренасочува сите текстуални пораки преку иМесиџ системот, па дури и кога корисникот ќе го смени телефонот.
Доколку заборавите да го оневозможите иМесиџот пред преминување на нов оперативен систем, многу често единственото решение е целосно дисконектирање од апаратот по пат на Епл налог.
Сега е потребна да се внесе само бројот на телефонот во сервисот на Епл за дерегистрирање, како и кодот кој го испраќа компанијата, и сите проблеми со текстуалните пораки ќе бидат решени.