„Епл“ на мета на хакери, без знаци дека се украдени податоци

Од:

Американската компанија Епл соопшти дека бил извршен хакерски напад врз нивниот компјутерски систем, но не се украдени податоци.

Епл наведува дека соработува со полицијата за да се откријат хакерите кои како што се верува, стојат зад тој и низа неодамна извршени напади врз американски технолошки фирми.

Вирусот е проширен преку вебсајт за софтвер, а во рамки на компанијата Епл заразени се мал број компјутери што се изолирани од мрежата, јавуваат американски медиуми.

– Нема знаци дека се украдени податоци, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг