„Епл“ го продаде милијардитиот „Ајфон“

Од:

Компанијата „Епл“ соопшти дека го продала својот милијардити „Ајфон“.

Според компанијата, од 20 јуни 2007 година, кога беше понуден првиот „Ајфон“, па до минатата недела, се продадени точно една милијарда апарати од овој модел на смартфони.

– „Ајфон“ стана еден од најважните и најуспешните производи во историјата, еден од тие кои го променија светот. Стана неразделен дел од луѓето, изјави извршниот директор на „Епл“, Тим Кук по повод милијардитата продажба на уредот.

„Епл“ не прецизираше кој е купувачот или каде се случила продажбата на милијардитиот уред, а не соопшти ниту дали јубилејниот купувач добил некаков подарок, бидејќи стана дел од историјата на „Ајфон“.

Но, иако продажбата на милијардитиот „Ајфон“ е монументално достигнување, „Епл“ сепак се соочува со пад продажбата. Имено, според податоците на компанијата, и во третиот квартал од оваа фискална година, кој заврши на 30 јуни, продажбата на „Ајфони“ продолжи да се намалува.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ