„Епл“ доби лиценца за свитливиот телефон „ајфон флекс 2“ (iPhone flex 2), кој освен подобра отпорност, опфаќа и функции што ќе можат да се активираат кога уредот ќе биде „свиткан“.
Паметните телефони имаат тенденција да се свиткуваат кога подолго време се држат во џебовите на пантолоните, пред сè, поради својата големина и дебелина. Целта е да се пронајде ново решение со кое ќе се зголеми отпорноста на овие уреди.
Компанијата „Ел-Џи“ се одлучи за свитлив облик, кој, според експертите на компанијата, за 30 отсто ја подобрува отпорноста на паметните телефони.
Свитливоста на телефоните е постигната благодарение на пластичната рамка, тенкото стакло, како и на композитните влакна и на специјалните легури отпорни на постојано свиткување.