Електронските цигари остануваат во слободна продажба во ЕУ

Од:

Електронските цигари ќе останат во слободна продажба во земјите-членки на ЕУ, реши денеска Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, мнозинството европратеници се изјаснија против амандманот со кој се предвидуваше електронските цигари да добијат ист статус како и обичните цигари, со што би се ограничила нивната продажба.

Најголемиот број европратеници од редовите на десницата (Европската народна партија, либералите, евроскептиците и конзервативците) гласаа против ова мерка, која беше поддржана од социјалистите и зелените.

Електронските цигари, чие влијание врз здравјето се уште не е разјаснето, ќе бидат забранети за продажба на малолетници и истовремено ќе биде забаренто нивното рекламирање. Исто така, се бара да биде истакната листата на состојките кои се наоѓаат во електронските цигари и аромите со кои тие се збогатени.

Новата европска директива, има за цел строго да го ограничи користењето на тутунот и цигарите со цел да го направи помалку привлечен за младите. По широката кампања на тутунската индустрија, европратениците го поддржа предлогот на Европската комисија за забрана на користењето на ароми во цигарите, како што е ментолот. Но, затоа пак тенките (слим) цигари нема се забранети, туку по предлог на европската десница, предвиден е „период на транизиција“ од осум години.

Европратниците од друга страна се согласија да ги направат уште повидливи предупредувањата на пакувањата на цигарите и тутунот, кои ќе покриваат 65% од амбалажата, наместо претходно предложените 75% и тие ќе бидат отпечатени на горниот дел од кутиите.

Предложената директивата пред ЕП ја бранеше лабуристот Линда Мекеван, која се наоѓа на чело на „антитутунското движење“. На нејзината резолуција беа прдложеми околу 300 амандмани, но сепак сите политички групи на сакаа таа да биде усвоена пред европските избори во мај 2014 година. Лобито на тутунската индустрија исто така бараше одлагање на гласањето по изборите.

Министрите за здравство на 28 земји-членки на ЕУ на 4 октомври упатија повик до ЕП да ја усвои новата директива за тутунот, што ќе им дозволи на другите институции во ЕУ да се усогласат до крајот на годината. Денешното усвојување на резолуцијата го отвора патот за преговори меѓу државите членки на ЕУ и ЕП за да се постигне саканата цел на министрите за здравство.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?