Елефон претстави два нови смартфони С2 и С2 Плус

Од:

Кинеската компанија Елефон веќе на почетокот ги објави своите амбиции да биде сериозен играч на пазарот на смартфони, претставувајќи два нови уреди С2 и С2 Плус.

Најголема разлика меѓу двата модели е во големината на екранот, така што Елефон С2 има екран со големина од 5 инчи, додека С2 Плус екран од 5,5 инчи.

Елефон С2 доаѓа со Андроид 5.1 оперативен систем, 1,2 гигахерци 64 битен процесор со четири јадра, РАМ меморија од 2 гигабајти и интерна меморија од 16 гигабајти, екран со резолуција 1280х720 пиксели и камера од 13 мегапиксели на задниот и 2 мегапиксели на предниот дел.

С2 Плус има исти карактеристики како и С2, освен што има поголем екран, што значи дека овој уред е наменет за корисниците што сакаат поголем екран. Двата уреди имаат моќна батерија од 4.400 мили Ампер часа.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ