Екстра Нена откри дали на Евровизијата во Малме и се додворувал Мајкл Џексон

Од:

Со години во медиумите се шпекулира дека на српската пејачка Снежана Бериќ, попозната како Екстра Нена, некогаш и „фрлил око“ тогашниот крал на попот, покојниот Мајкл Џексон.

Се шпекулираше и дека тој отишол толку далеку што и го дал својот возач и неколку телохранители за време на Евровизијата во Малме.

Во 1992 година Екстра Нена ја претставуваше Југославија на Евровизија. Беше најзабележителен изведувач, но како што велат поради политиката не помина славно на овој настан. Таа го зазеде 13-тото место, а се шпекулираше дека ги освоила симпатиите на тогаш најголемата музичка ѕвезда во светот.

Како што кажа и самата по враќањето од натпреварот во Малме, осум дена уживала во вниманието што и го подарувале соработниците на Мајкл Џексон по негова наредба. Тињ дошле во Шведска, ја виделе Нена и веднаш го известиле музичарот.

Се шпекулираше дека Мајкл бил воодушевен кога ја видел фотографијата на Нена, а пејачката сега ја открива вистината:

“Никогаш не реков дека ми се додворувал! Имам сериозна кариера. Бев на Евровизија и тоа е поентата, а бидејќи бев најмногу забележана на натпреварот како уметник во тоа време, добив лимузина во име на Мајкл Џексон за да вози таму еден месец, бидејќи неговиот агент работеше таму во Малме и затоа што бев најзабележана и најпопуларена, а тоа што политиката влијаеше на пласманот, па бевме на 12-то или 13-то место е друга приказна.

„Да победев таа година ќе добиев многу повеќе внимание, но тогаш беше војна, така што, три точки. Тоа беше пред 30 години“, заклучи Екстра Нена.

Би можело да ве интересира

Битката за наследството на Џексон продолжува: Мајка му имала џепарлак од 33 милиони долари

Кожната јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција – цената е вистинска „ситница“

Ранчот „Неверленд“ на Мајкл Џексон продаден за 22 милиони долари

Отштета од сто милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот Ливинг Неверленд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пет најскапи спотови на сите времиња – само тројца музичари се осудиле да ги платат овие цифри

Ана Ололовска

Пред десет години светот се прости од Мајкл Џексон