ВИДЕО: Пет најскапи спотови на сите времиња – само тројца музичари се осудиле да ги платат овие цифри

Од:

Верувале или не, најскапите спотови во историјата се снимени во далечните 80-ти и 90-ти години. Причината е веројатно таа што поради хиперпродукцијата во модерното време, цената на спотовите е пониска и денеска за помала сума на пари можат да се снимат екстравагантни сцени.

Особено е интересен податокот дека во топ пет најскапи спотови на сите времиња се наоѓаат тројца изведувачи.

Мајкл Џексон: „Black or White“ – 7,2 милиони долари

Џексон беше пионер во создавањето на видео-спотовите, а од нив често правеше кратки филмови. Спотот за „Black or White” е снимен во 1991 година. Оригиналната верзија трае 11 минути, а тогаш чинеше дури 4 милиони долари, пишува Хедлајнер.

Тоа беше прв сингл од албумот „Dangerous“ и морал да остави трага. Телевизиска премиера имал истовремено во 11 земји во светот и тогаш го проследиле 500 милиони луѓе.

Мадона: „Bedtime Story“ – 8 милиони долари

Синглот, како ни целиот албум „Bedtime Stories“ не постигна многу голем успех таа 1994 година. Спотот делумно беше снимен во футуристички манир, а Мадона го промени изгледот неколку пати. Таа се појавува и како трудница од чиј стомак излегуваат бели гулаби.

Коавтор на песната беше Бјорк, што се слуша во синглот, а нејзиното влијание може да се забележи и во спотот.

Мадона: „Die Another Day” – 8,3 милиони долари

За истоимениот Бонд филм од 2002 година, во која имаше споредна улога, Мадона ја сними водечката песна. Спотот изобилува со сцени од филмот, но некои нови кадри се снимени со актерите.

Исто така постои и сцена каде Мадона се бори сама со себе, на која биле потрошени многу пари. Тогаш се работела од вкупен износ од 6,1 милион долари, што денеска е еквивалентно на 8,3 милиони. Иако некои ја нарекуваат најлоша Бонд песна, спотот беше номиниран за Греми.

Мадона: „Express Yourself“ – 9,8 милиони долари

Далечната 1989 година ова беше најскапиот спот некогаш снимен. Мадона беше единствена која успеа да потроши 5 милиони на еден спот.

Видеото го режираше Дејвид Финчер, денеска славен режисер кој беше номиниран за Оскар за филмот „The Curious Case of Benjamin Button“ и „The Social Network“.

Мајкл Џексон и Џенет Џексон: „Scream“ – 11,2 милиони

Најскапиот спот на сите времиња е спотот за песната „Scream” на Мајкл и Џенет Џексон снимен 1995 година. Станува збор за спотот во кој братот и сестрата се во вселенски брод, се забавуваат, но во истовремено се лути поради начинот на кои медиумите ги третираат.

Раскошната продукција тогаш чинела седум милиони долари, а поради инфлацијата таа цена во последните години се движи околу 11, 2 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Битката за наследството на Џексон продолжува: Мајка му имала џепарлак од 33 милиони долари

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

Кожната јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција – цената е вистинска „ситница“

(ВИДЕО) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

Катерина Ѓуровски

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Кралица на попот го слави својот 65-ти роденден