Ранчот „Неверленд“ на Мајкл Џексон продаден за 22 милиони долари

Од:

Ранчот „Неверленд“ на починатиот Мајкл Џексон наводно е продаден за една четвртина од почетната цена. Рон Баркл, поранешен пријател на Џексон, неодамна го купи имотот во Лос Оливос, Калифорнија, изјави неговиот портпарол.

Тој платил 22 милиони долари за Неврленд, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на јавни записи и три лица запознаени со договорот.

Имотот од 2.700 акри (1.100 хектари) првпат беше ставен на продажба за 100 милиони американски долари во 2015 година.

Џексон го купи Неврленд во 1987 година, и од него направи свој дом во екот на неговата слава. Тој го претвори ранчот во забавен комплекс, градејќи зоолошка градина, лунапарк, и други објекти, каде што редовно ги забавуваше децата и нивните семејства.

Во 90-тите и 2000-та, ранчот познат како „кралството“ на Џексон стана центар на разни истраги против пејачот во врска со обвиненија за сексуална злоупотреба на деца.

Би можело да ве интересира

Битката за наследството на Џексон продолжува: Мајка му имала џепарлак од 33 милиони долари

Кожната јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција – цената е вистинска „ситница“

Екстра Нена откри дали на Евровизијата во Малме и се додворувал Мајкл Џексон

Отштета од сто милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот Ливинг Неверленд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пет најскапи спотови на сите времиња – само тројца музичари се осудиле да ги платат овие цифри

Ана Ололовска

Пред десет години светот се прости од Мајкл Џексон