Eкранот најголем адут на „Самсунг Галакси Ноут 7“

Од:

 „Самсунг Галакси Ноут 7“, кој ќе биде пуштен во продажба кон крајот на месецов, е опремен со Кју-Ха-Де ЛЕД екран со дијагонала од 5,7 инчи (14,4 сантиметри) и резолуција од 2.560 на 1.440 пиксели. 

„Самсунг“ како предност на овој модел, меѓу другото, ја истакнува и можноста за избор меѓу четири начини на прикажување на боите, наместо само на еден како што е случај со многу паметни телефони и таблет компјутери. Еден од тие начини овозможува, на пример, приказ на содржини во резолуција 4К на 4К Ју-Ха-Де телевизори.

„Самсунг Галакси Ноут 7“ се издвојува и по широчината на спектарот на боите кои може да ги репродуцира, како и по осветлувањето, добриот контраст и ниското ниво на отсјај.

Екранот е заштитен со стакло „Горила 5“ , кое е најавувано како потрајно и поотпорно од претходното, како и со „Еџ Панел“ функција на страничниот раб, која со еден допир овозможува пристап до апликациите, вестите и останатите функции, како што се контактите, календарот или предната камера.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ