Една петтина од корисниците на Андроид преминуваат на iPhone

Од:

„Епл“ можеби ја губи трката со Андроид и Мајкрософ кога станува збор за користење на оперативните системи, но компанијата се уште успева да ги „одземе“ корисниците од својот главен конкурент Самсунг.


Според последното истражување во САД, „Епл“ успева за себе да придобие трипати повеќе поранешни корисници на Самсунг, отколку што е тоа случај со оние кои ајФоните ги менуваат за еден од смартфоните на Самсунг.


Иако ова е добра вест за „Епл“, компанијата и понатаму има големи проблеми да ги привлече купувачите кои првпат се одлучуваат за некој од паметните телефони, бидејќи успева да привлече само 26 отсто од купувачите во споредба со 37 проценти колку што успева Самсунг.


– Самсунг успева да привлече значително поголем број на први купувачи на паметни телефони во однос на Епл, а исто така е забележана огромна разлика во однесувањето на купувачите на Епл и Самсунг кои менуваат брендови. Меѓутоа, воочено е и едно правило, а тоа е дека купувачите на Самсунг главно се поранешни корисници на основните и Андроид модели на телефони. Слична ситуација е и кај Епл, бидејќи неговите корисници доаѓаат главно од iOS опкружување, па 42 отсто од овие корисници имаат искуство со работење на iOS. Од друга страна 43 проценти од корисниците на Самсунг користат Андроид, се наведува во извештајот од истражувањето.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ