Актерката Брук Шилдс многумина ја паметат по нејзината улога во филмот „Сина лагуна“ во 1980 година. Во меѓувреме, холивудската ѕвезда порасна. Таа денеска има 54 години и изгледа одлично.
Дека има фигура која ја посакуваат жените, Брук покажа со новата фотографија што ја објави на Инстаграм. Шилдс позира во бикини и покажа дека има секси тело.
„Друга сина лагуна“, напиша актерката.
Обожавателите на Брук ја пофалија, велејќи дека изгледа фантастично и може слободно да го снима продолжението на „Сината лагуна“.