Џенифер Лопез: Во 2020 година сфатив што е најважно

Од:

Џенифер Лопез ја сумираше 2020 година за своите обожаватели, кога се качи на сцената на доделувањето на награди по избор на публиката на „Ентертејнмент“.

– О Боже, 2020 година не беше шега, нели? Мислам, пред 2020 година, бевме опседнати со освојување на оваа награда, ние кои бевме номинирани за оваа награда – кој ќе продаде најмногу плочи… Оваа година ни покажа што е важно, а што не!, рече Лопез прифаќајќи ја наградата за икона на публиката.

Непосредно по ова, пред камерата се појавија Никол Кидман, Рене Зелвегер и други познати личности кои го споделуваа своето воодушевување. Џенифер беше изненадена и видно поласкана од сето тоа.

– Да си помагаме едни на други, да се сакаме едни со други. Верувам дека ова е она што сите го сакаме, споделено искуство – да знаеме дека не сме сами во ова, продолжи Лопез. – Вашата вера и верба во мене ме мотивираат да одам напред, а понекогаш и кога сум уморна, како и многумина од нас оваа година, тоа е моето семејство, моите пријатели, моите малечки и моите обожаватели, вие кои ме поткревавте кога не можев да се подигнам.

Лопез ја започна својата кариера како филмска танчерка, пред да стане глумица, а потоа и светски славна пејачка и продуцент.

– Како Латиноамериканка и како жена, понекогаш требаше да работам двојно понапорно за да добијам одредена можност. Понекогаш моите големи соништа и амбиции ги прават нервозни луѓето околу мене… Луѓето кои би рекле дека танчерка не може да биде глумица. Колку повеќе тие велеа дека не можам, толку повеќе знаев дека морам! Сега стојам овде, така благодарна, знаејќи дека вистинската мерка за мојот успех не е во продадените плочи, туку во љубовта што ја чувствувам кон сите вас. И – да, ја чувствувам, рече Лопез.

Би можело да ве интересира

Џенифер Лопез удри по родителите: „Нарцисоидна личност, не тепаше“

Предраг Петровиќ

Доаѓа новиот филм на Џенифер Лопез: Интимна приказна за нејзините големи љубови и приватниот живот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бен Афлек и ја тресна вратата на Џенифер Лопез – парот повторно интерес на јавноста

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Џенифер Лопез ужива, а тој повеќе би сакал да избега: Бен Афлек стана главна тема по Греми наградит

(ВИДЕО) Да се знае кој е шеф: снимка на која Џенифер Лопез го „дисциплинира“ Бен Афлек

ВИДЕО: Сите детали од венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Ана Ололовска