Џеф Безос се сврши со презентерката Лорен Санчез

Од:

Веста за свршувачката на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, и атрактивната презентерка Лорен Санчез, беше откриена од Мајкл Санчез за време на сведочењето во судот во Лос Анџелес во афера за обелоденувањето голи фотографии на тогашните љубовници Безос и Лорен.

Нивната љубовна романса почна уште додека шефот на „Амазон“ беше во брак со Мекензи Безос, со која има три биолошки сина и посвоена ќерка од Кина.

Набргу по дознавањето на аферата, 56-годишникот објави дека се разведува од сопругата со која помина 26 години во брак.

Тој не криеше колку е среќен со фаталната црнка, која исто така неодамна се разведе од Патрик Витсел, со кого има три деца.

Ставајќи дијамантски прстен на раката на 50-годишната Лорен, Џеф уште еднаш покажа дека е подготвен да стори сè за љубов.

Поточно, за време на разводот, Џеф се откажа од дури 38 милиони американски долари од своето богатство, кое според закон мораше да ѝ го даде на својата поранешна сопруга и се чини дека е подготвен повторно да застане пред олтар.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он