На видео снимка стара повеќе од 20 години, а која беше објавена деновиве, се гледаат поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Моника Левински како се прегрнуваат и комуницираат во Белата куќа.
Видеото, кое е направено во 1997 година, кога изби сексуалниот скандал меѓу Клинтон и Левински, го објави Претседателската библиотека Вилијaм Џ. Клинтон и на него се гледа Бил Клинтон кој го дава својот неделен радио извештај, а потоа во Овалната соба се поздравува со вработените, меѓу кои и Моника Левински, која тоа време стажирала во Белата куќа.
Фотографиите од овој мoмент беа објавени одамна, но ова е првпат да се појави и видео снимка. Библиотеката одбила да ја коментира снимката, а на Јутјуб е наведено дека видеото е објавено по барање во согласносот со Законот за слобода за јавно информирање.
Како што пренесуваат американските медиуми, во периодот кога е направено видеото Клинтон и Левински веќе биле во врска. Клинтон беше обвинет дека лажел за својата афера со Левински, а американскиот Сенат никогаш не го осуди.