Доделени Еми наградите: „Приказната на робинката“ и „Невини лаги“ со по пет одличја

Од:

Сериите „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale) и „Невини лаги“ (Big Little Lies) освоија најмногу награди на 69. доделување на наградите Еми. И двете серии освоија по пет одличја.

„Приказната на робинката“ е наградена за најдобра драма, сценарио (Брус Милер), режија (Рид Морано), главна женска улога (Елизабет Мос) и споредна женска улога (Ен Дауд).

Серијата е базинара на истоимениот роман на Маргарет Атвуд од 1985. година и е дистописка приказна за тоталитарна Америка соочена со еколошка катастрофа. Општеството го водат фундементалисти кои жените ги користат како државна сопственост и робинки за раѓање деца.

Во категоријата мини-серија сличен триумф оствари серијата „Невини лаги“, адаптација на романот на Лијен Моријарти, освојуваќи ги наградите за најдобра мини-серија, главна глумица (Никол Кидман), споредна глумица (Лора Дерн), спореден глумец (Александар Скарсгард) и режија (Жан-Марк Вале).

„Невини лаги“ ја прати приказната на мајките од елитен слој од општеството чии деца одат во исто одделение. Позади гламурозната фасада се крие семејно насилство, преќутна женска солидарност и тајни кои често ги криеме и самите од себе.

Џулија Луј-Драјфус ја освои наградата за најдобра глумица во комедија за ликот на Селине Мајер во серијата „Потпретседателка“ (VEEP), со што го сруши рекордот за најмногу освоени Еми кој еден глумец го освоил за иста улога, дури шест.

Серијата исто така победи и во категоријата за најдобра комедија, а од ХБО најавија дека следната, осма сезона ќе биде последна.

Стерлинг К. Браун стана првиот афро-американец кој што победил во категоријата најдобар глумец во последните 20 години. Тој наградата ја освои за неговата улога во серијата „Тоа сме ние“ (This is us).

„Западен свет“ (Westworld) беше најголем фаворит пред синоќешните додлувања на наградите со 22 номинации, но не освои ниту една награда. Седмата сезона од „Игра на престоли“, серија која што беше голем победник изминатите години, не беше во конкуренција бидејќи не беше емитувана во периодот во кој што се разгледувани овогодинешните номинации (1. јуни 2016 – 31. мај 2017).

Листа на награди:

Најдобра драма: Приказната на робинката
Најдобра комедија: Потпретседателка
Мини серија: Невини лаги
ТВ филм: Black Mirror: San Junipero
Главна женска улога – драмска серија: Елизабет Мос (Приказната на робинката)
Главна женска улога – хумористична серија: Џулија Луј Драјфус (Потпретседателка)
Главна женска улога – мини-серија/ТВ филм: Никол Кидман (Невини лаги)
Главна машка улога – драмска серија: Стерлинг К. Браун (Тоа сме ние)
Главна машка улога – хумористична серија: Доналд Гловер (Атланта)
Главна машка улога – мини-серија/ТВ филм: Риз Ахмед (Кобна ноќ)
Споредна женска улога – драма: Ен Дауд (Приказната на робинката)
Споредна женска улога – хумористична серија: Кејт Мекинон (Saturday Night Live)
Споредна женска улога – мини серија/ТВ филм: Лора Дерн (Невини лаги)
Споредна машка улога – драма: Џон Литгоу (Круна)
Споредна машка улога – хумористична серија: Алек Болдвин (Saturday Night Live)
Спреодна машка улога – мини серија/ТВ филм: Александар Скарсгард (Невини лаги)
Режија – драма: Рид Морано (Приказната на робинката)
Режија – комедија: Доналд Гловер (Атланта)
Режија – мини серија/ТВ филм: Жан-Марк Вале (Невини лаги)
Сценарио – драма: Брус Милер (Приказната на робинката)
Сценарио – комедија: Азиз Ансари и Лина Вејт (Master of None)
Сценарио – мини-серија/ТВ филм: Чарли Брукер (Black Mirror)

Би можело да ве интересира

Фифти Сент „распали“ по наградите „Еми“, не ја номинирале неговата серија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска

Доделени „Еми” наградите за 2019 година

Ана Ололовска

Game of Thrones со 32 „Еми“ номинации

Ана Ололовска

Режисерот Глен Вајс прими Еми награда, па ја запроси девојка му на сцената

Ана Ололовска

„Игра на тронови” и „Прекрасната г-ѓа Мајсел” со најмногу Еми награди

Ана Ололовска